
Директорот на Клиниката на радиологија и уште тројца вработени се позитивни на коронавирус. Во одговорот од Министерството за здравство се вели дека директорот Даниел Ѓурчинов и вработените се во добра состојба.
-На Клиниката за радиологија позитивни се четворица вработени, еден од нив е и директорот. Сите се во добра состојба и на домашно лекување. На Клиниката нема стагнација на работата, бидејќи останатите позитивни се уште двајца вработени во администрација и еден техничар, информираат од Министерството.
Оттаму посочуваат дека секоја институција е обврзана да ги почитува протоколите за безбедност при работа и спречување на ширење на вирусот ковид 19.
-Доколку дојде до зараза со корона вирусот, тие го известуваат ЦЈЗ и ДСЗИ, се прават анкети и се одредува кои од вработените да бидат изолирани, додаваат од МЗ.
За потсетување, кон крајот на септември на Клиниката беа регистирани три позитивни случаи на Ковид-19 кај вработени. Вработените заболеле од техничар кој со симптоми доаѓал на работа. Повеќе за тоа може да прочитате ТУКА.