Четири нови странски инвестиции и над 1500 нови вработувања за само два месеца

Владата за само два месеци донесе 4 странски инвестиции и нови над 1500 вработувања, информираат преку соопштение од Владата. Првата инвестиција претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја промовираше само еден ден по формирање на Владата. Станува збор за изградба на ветерници во државата со капацитет до 400MW на „Aлказар Енерџи“ во вредност од 500 милиони долари. Оваа инвестиција ќе се реализира во општините Радовиш, Штип и Карбинци, а ќе бидат инсталирани 55 ветерници и 630 нови вработувања, со што 100.000 граѓани ќе се снабдат со електрична енергија.

Германско-белгиска на „Епсотех Аим“ е втората инвестиција за изградба на развојно истражувачки центар, алерти центар во индустриско-технолошките зони на територијата на Општина Петровец. Вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра и нови 110 вработувања.

Третата странска инвестиција е за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“ во вредност од 35 милиони евра. Со оваа инвестиција ќе се отворат нови над 100 вработувања, а истата ќе се реализира во Технолошко индустриско развојната зона Скопје.

И четвртата инвестиција што ја донесе Владата е производство на литиум јонски батерии во Технолошко индустриско развојната зона Скопје. Инвестицијата на германската компанија „BMZ Group“ е во вредност од 65 милиони евра и со неа ќе се отворат нови 700 вработувања.

Уште во првите два месеца се гледаат позитивните ефекти од владеењето на Владата. Приоритет е силен економски развој и целосна трансформација на државата, се со цел поквалитетен и подобар животен стандард на граѓаните.

Владата и во иднина ќе продолжи да работи на носење на нови странски инвестиции и отворање на нови работни места, стои во соопштението на Владата.