На Клиниката за инфективни болести во Скопје починале уште четири лица кај коишто бил утврден новиот тип коронавирус.
Според засега не потврдени инфорамции, двајца од починатите се од Скопје, а по еден е од Велес и Прилеп, кои е нови жаришта на Covid-19 во земјата.
Со ова вкупниот број на починати досега се искачи на 38 лица. За најновиот биланс на заболени се уште се очекуваат официјалните информации од министерството за здравство, кои ќе ги соопшти министерот Венко Филипче на брифингот закажан за 14,30 часот.