Четири пациенти починаа од ковид-19 во болницата во Велес

Градоначалникот Аце Коцевски денеска информира дека на Инфективното одделение во болницата во Велес ноќеска се регистрирани три смртни случаи на лица позитивни на ковид-19 , а вчера починала и 62-годишна жена од Велес, позитивна на ковид-19.

Досега има вкупно 20 починати од коронавирусот во Велешко.

– Двајца од починатите пациенти се на 62-годишна возраст, од машки и женски пол, двајцата се велешани и едно лице, маж на 69-годишна возраст од Свети Николе – вели Коцевски.