![пожар](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/pozhar-1.jpg?resize=696%2C376&ssl=1)
Четири пожари се евидентирани на подрачјето на Куманово, Липково и Старо Нагоричане, изминатово деноноќие, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
Во липковските села Ваксинце и Слупчане горела запалена сува трева и стрниште. Двата пожари се случиле по 15 часот и биле изгаснати со по едно противпожарно возило и една екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Пожарникарите гаселе пожар и во Куманово во населбата „Перо Чичо“ на запален отпад по 22 часот.
Пожарникарите од Старо Нагоричане гаселе запалено стрниште во Старо Нагоричане во периодот од 20:10 до 20:35 часот.