(ВИДЕО) Четири жртви, меѓу кои и дете, во пукање во Калифорнија

Четири лица, од кои едно е дете, се убиени ноќта кон четвртокто по средноевропско време, а уште две се ранети во масовно пукање во деловен комплекс во калифорнискиот град Оринџ, пренесува телевизиската мрежа NBC News.

Станува збор за двокатна деловна зграда во којашто се сместени поголем број мали компании, источно од Анхејм. Но полицајците бил отворен оган кога пристигнале на местото на настанот, и тие возвратиле на истрелите. Во престрелката е ранет осомничениот напаѓач, тој е пренесен во болница, но засега не е познато во каква состојба е, пренесува телевизијата CBS News.

„Полициските службеници кои пристигнаа на местото на настанот слушнале истрели, ја откриле позицијата на осомничениот, дошло до престрелка околу 17,30 часот по локално време (…) Четири лица починале на самото место“, изјавила за локалните медиум портпаролката на полициската управа на Оринџ, Џенифер Амат.

Потврдила дека осомничениот е хоспитализиран во една од медицинските установи во градот, и додала дека „нема опасност за населението“.

„Во градот Оринџ, немавме таков инцидент од 1997 година, ова е вистинска трагедија за семејствата на жртвите, нашата заедница и полициската управа“, разимирала Амат, пренес локалната телевизиска станица KTLA.

Ова е трето масовно пукање во САД за речиси две седммици. Во Атланта и нејзино предградие, во сојузната држава Џорџија, на 16-ти март, 21-годишниот Роберт Аарон Лонг изведе неколку напади врз салони за азиски масажи во кои беа убиени вкупно осум лица од кои шест жени со азиско потекло. Потоа на 22-ри март, 21-годишниот Ахмад ал-Иса, од имигрантско сириско потекло, откри оган во близина на супермаркет во градот Боулдер, во државата Колорадо, во кој беа убиени десет лица.

По вториот инцидент, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговата влада ќе се обиде да воведе забрана за продажба и купување оружје во САД. По новиот инцидент во Оринџ, неговата демократска сопартијка, пратеничка од Калифорнија, Кети Портер, чиј дистрикт на делување вклучува и делови од Оринџ, на Twitter објави: „Длабоко сум натажена од извештајот за масовно пукање во округот Оринџ и во мислите сом со жртвите и новните најмили“.