Четири жртви во пожар во дом за стари лица крај Варна

Четири лица загинаа при пожар во дом за стари и изнемоштени лица во црмоорскито бугарски град Варна, соопшти локалната полиција.

Загинаа тројца мажи на возраст од 70 до 73 години и една 88-годишна жена, a животно е загрозена и 83-годишна штитеничка на домот, пренесуваат локалните медиуми.

Од домот се евакуирани 20 луѓе. Дојавата за избувнување на пожарот била примена во 3 часот, кога бил забележан пожар во една до собите на приземниот кат од објектот.

Полицијата ги истражува причините за пожарот, а началникот на полицијата во Варна, Атанас Михов изјави дека 53-годишен штитеник на домот за стари лица е осомничен дека го подметнал пожарот.

Осомничениот, кој бил сместен во просторијата каде што избувнал пожарот, е сместен во болница поради психијатриски надзор.