Четири златни одличја за нашите каратисти на Балканијадата во Охрид

Каратето е еден од најтрофејните спортови во нашата држава, а тоа се докажа и на последната Балканијада која се одржа во Охрид.

Македонија освои четири од вкупно седумте златни медали во карате во борби. Со златни одличја се закитија Емил Павлов, Берат Јакупи, Иво Цветковски и Тодор Ристовски, додека сребрени медали освоија Симона Заборска и Мурат Куртиши. Единствениот бронзен медал го освои Дејан Црникиќ.