Четири знаци дека вашето тело е преполно со токсини

За да дознаете во каква состојба е вашиот организам, доволно е само постојано да го слушате вашиот организам и да обрнете внимание на знаците што тоа секојндевно ви ги праќа.

Во вашиот организам секојдневно се таложат токсини. Ги внесуваме преку храната или преку воздухот, а поради неправилната исхрана и недоволнаа физичка активност тие неможат сами да се исфрлат.

Ова се четирите најчести аларми дека вашето тело е преполно со токсини од кои морате итно да се ослободите!

  1. Физиолошки потреби

Колку почесто одите во тоалет, толку повеќе токсини има во вашиот органзиам! Сепак ова не треба да ве плаши затоа што на тој начин тие се исфрлаат. Во спротивно, тие се враќаат во крвотокот и може да ви направат поголеми проблеми, затоа оние што имаат проблеми со затвор, треба да пијат колку е можно повеќе вода, чај или некој пробиотик, за да осигураат празнење на цревата барем еднаш дневно.

  1. Лош здив

Лошиот здив не е само нешто што може да ви го расипе состанокот со потенцијалниот партнер, туку тој исто така може да биде показател за тоа колку токсини има во вашиот организам. Лошиот здив може да настане поради бактерии, но може да биде знак и дека вашиот црн дроб и црветат имаат проблем со исфрлањето на отровите. Користете чистач за јазик за да ги елиминирате бактериите што го прекриваат јазикот, а земајте свежи зачини (магдонос или коријандер) кои важат за одлични детоксификатори на црниот дроб.

  1. Ви пречат мириси

Ако имате реакции на мириси, како што се парфеми или чад, тоа може да е предизвикано од токсините во вашето тело. Многу пати стануваме пречувствутелни на мириси доколку црниот дроб има проблеми со елиминирањето на различни токсини од телото. Кога патиштата за детоксификација се затворени, телото го чувствува тоа, па сетилата стануваат изострени и може да предизвикаат реакции како главоболка и мачнина. Помогнете му на вашиот црн дроб со чај од чичок или други билки наменети за таа потреба. Можете да се обидете и со популарната пракса на детоксикација со рицинусово масло.

  1. Постојан вишок килограми

Постојат голем број причини зошто неможете да ја намалите телесната тежина. „Збеснати“ хормони, неправилна исхрана и секако токсини. Токсините како што се диоксините и голем број пестициди се липофилни, што значи дека во нашето тело се спојуваат со масните ќелии. Кога телотот е преоптеретено со нив, може да стане невозможно да ослабеете.

Клучно е да се погрижите телото на правилен начин да ги исфрла токсините. Тоа значи да ја подобрите природната способност на телото да го прави тоа и да пронајде рамнотежа. Некој сигурен начин на чистење или детоксификација може да ви помогне, но намалувањето на изложеноста на токсините е многу важна. Изберете чиста, органска храна секогаш кога тоа е можно и погрижете се добро да се испотите, редовно да одите во тоалет, да го хидрирате организмот и квалитетно да дишете секој ден.