![deca](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/07/deca.jpg?resize=500%2C282&ssl=1)
Mожноста за бесплатен летен одмор преку Центарот за социјални работи од Неготино, во одморалиштето Мајски цвет во Струга досега ја искористија 40 деца од Неготино и Демир Капија, а имаат аплицирано стотина семејства.
Аплицирањето се уште трае, информираше денеска директорката на неготинскиот центар, Роза Јаневска.
-Голем е интересот кај неготинци и демиркапијци за бесплатно летување. За бесплатно летување можат да аплицираат корисници на социјална помош, постојана помош, родителски додаток, детски додаток, деца без родители и родителска грижа. Можат да се пријават и корисници на посебен додаток а тие на летување одат со придружба, соопшти Јаневска.
Услов исто така е децата кои ќе летуваат да се родени од 1999 до 2003 година и да се ученици од петто до осмо одделение. Потврдата за редовно школување исто така се доставува со апликацијата.
МИА