Во текот на изминатите 24 часа во Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди од кои во седум со лесни телесни повреди се здобиле 10 лица, а во една сообраќајка е причинета материјална штета.
Од сообраќај се исклучени и 20 возачи пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило и тројца возачи почетници. Исклучени од сообраќај се и 14 нерегистрирани возила.
Сообраќајната полиција издала 80 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 75 возила.
На црвено светло поминале шест возачи, четворица не дале првенство на минување на пешаци, тројца не носеле зимска опрема во возилата, а тројца користеле мобилен телефон.
Во текот на вчерашниот ден, Одделението за превенција реализираше посебна воспитна сообраќајна мерка на која присуствувалепешаци кои направиле прекршоци по разни основи.