Попладнево во 17,55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, ,еѓу товарно моторно возило со полуприколка и патничко моторно возило „голф“ управувано од Д. К., роден 1982 година од Прилеп.
Кај возачот на „голфот“ во 19,30 часот е констатирана смрт.
Оваа информација ја потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.
Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје. Увидот е во тек.