Циклонот Булбул кој ги погоди Бангладеш и Иднија зад себе оставил 14 жртви и принуди два милиона жители на Бангладеш ноќта да ја минат во засолништа, соопштија локалните власти во неделата.
Циклонот, проследен со ветришта кои достигнувале бризини до 120 километри на час, го погодил крајбрежното подрачје на двете соседни земји во саботата ноќта, предизвикувајќи затворање на аеродромите и пристаништата.
Во сојузната држава Западен Бенгал, на истокот на Индија, загинале седум лциа, меѓу кои две смртно настрадале кога стебла паднале врз нивните домови. Од последиците на уривање ѕид во соседната држава Одиша, на североистокот од земјата, смртно настрадало едно лице.
Во Бангладеш животите ги загубиле шест лица, а најмалку 20 се повредени. Како исчезнати се водат уште пет лица, откако потонало рибарско бротче во близина на реката Боле, на југот од земјата.
Циклонот предизвикал и голема штета на околу 4.000 домови подигнати главно од кал и тенекија, рекол функционер од агенцијата за управување со катастрофи. Пристапот кон крајбрежнито регион Кулни во јужен Бангладеш, кој е најтешко погоден од циклонот во целата држава, е оневозможен бидејќи патиштата се прекриени од дрвја искорнати сосе корените. Пониските региони целосно се поплавени, рекол Енамур Рахмна, министер за управување со катастрофи.
Властите соопштија дека интензитетот на циклоно се намалувал како што се движел кон внатрешноста на земјата. Циклонот Булбул прво го погодоил Сундарбан, област испресечена со бројни канали во делтата на Ганг во која се наоѓаат едни од најгустите шуми на светот. Поделен меѓу Бангладеш и Индија, овој регион е живеалиште на загрозениот бенгалски тигар.