Четиринаесет мртви во престрелка во ноќен клуб во Бразил

Во престрелка во ноќен клуб во Форталеза, во североисточниот дел на Бразил, убиени се ноќта кон саботата по локално време најмалку 14 лица, објавија властите додека локалните медиуми наведуваат дека станува збор за пресметка меѓу трговци со дроги.

„Убиени се четиринаесет лица и уште неколку луѓе се во тешка состојба во болница“, изјавил Анде Кошта секретарот за безбедност на бразилската сојузна држава Сеара, без да го прецизира бројот на ранетите.

„ Нема причина за паника и страв. Тоа се случува еднаш, како и насекаде во светот со 50 или 60 загинати, рече Коста, додавајќи дека полицијата не можела да го спречи нападот“, додал Кошта на прес-конференцијата во врска со масакрот во ноќниот клуб „Forro do Gago“ во предградието Кахазиерас.

Меѓу четиринаесетте убиени, властите досега идентификувале тројца мажи, две жени и две малолетни лица. Локалниот весник O’Povo известува, пак, дека се убиени осум жени и шест мажи.

„Тоа беше брутална сцена, масакр. Нешто што никогаш не е видено во Сеара“, изјавил за порталот G1 полициски службеник кој сакал да остане анонимен.

Војната на нарко-картелите за контрола на пазарот веќе однесе четири животи во оваа бразилска сојузна држава, кога на 7-ми јануари беа пронајдени четири тела во предградие на Форталеза. Минатата 2017 година се регистрирани 5.114 убиства во Сеара, што претставува зголемување од 50 отсто во однос на претходната 2016 година.