Четитри нешта што среќните двојки никогаш не ги прават

Во овој забрзан свет во кој живееме, многу е тешко да се извлече време и да се организираме за интимност, особено ако имате и деца. Но занемарувањето на сексуалниот аспект во врската воопшто не е добро за вашата врска или брак. Одложувањето на интимното дружење може да доведе до отуѓување меѓу партнерите. Исто така, докажано е дека ако почесто водите љубов, тогаш желбата за овој чин зајакнува. Не чекајте на вистинскиот момент за однос со вашиот партнер, туку создадете го сами без многу консултации и филозофија. Тајната на долгите и квалитетни врски се крие во редовниот сексуален однос.

Не критикуваат

Постојаните критики може да доведат до криза. Не зборуваме за жалби или за посочувањето на грешките, или пак за вашата нервозна реакција по напорниот ден, туку за жестоките критики што може да го повредат партнерот.

Жалбата би звучела вака: „Доцнеше, а не ми се јави па се загрижив. Се договориме дека ќе се јавиме ако доцниме“, а критиката: „Тебе воопшто не ти е грижа за другите. Неможам да верувам дека си заборавил. Навистина си себичен“.