Чeткар ќе го отвори четвртото издание на охридското „Бело лето“

На 1 јули со манифестацијата „Бело лето“ официјално ќе биде означен стартот на туристичката сезона во Охрид. Настанот ќе стартува со настапот на Владимир Ваулевски Четкар, светски познатиот охрижанец кој живее и работи во Америка.

„Бело лето“ продолжува со настапот на перкусионистичката група „Каранос” од Воден, Грција, кои ќе настапуваат на ненеколку локации односно ќе продефилираат низ улиците и плоштадите во стариот дел на градот. Забавата ќе заврши со настап на познати охридски ди џеи, а угостителските објекти ќе може да работатат цела ноќ.