На 27.04.2024 во 05.00 часот на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје ги привеле К.Т.Ц.(27), А.Ј.М.(25), Д.М.(24) и М.А.Ј.(24), сите од САД, поради тоа што го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија која преминала во физичка пресметка, а дел од нив агресивно се однесувале и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.