Четворица цивили убиени во украинско гранатирање на руско село

Четворица цивилно се убиени ноќта кон неделата во украинско гранатирање на руско село во регионот Брајнск на границата со Украина, објави во неделата гувернерот на регионот Александар Богомаз.

Во намерното украинско гранатирање на селото Суземка, кое е на десетина километри од руско-украинската граница првин беа потврдени две жртви, а подоцна од под урнатините биле извлечени уште две тела.

Според гувернерот Богомаз уште две лица се префрлени во болниците на лекување, а во целиот регион е прогласена вонредна состојба.

Гувернерот прецизираше дека изминатата ноќ украинските сили двапати го гранатирале селото, иако е познато дека во него нема никаква руска воена единици или опрема, како и ниту важна инфраструктура.

Уништен целосно е еден станбен објект, а други две куќи се делумно урнати, додаде Богомаз кој за нападот ги обвини украинските националисти.

Украина речиси никогаш јавно не ја презема одговорноста за нападите во внатрешноста на Русија и на територијата во Украина под контрола на руските војски, бидејќи ги изведува со вооружувањата со голем дострел кои ѝ ги испорачуваат западните сојузници, кои сепак сакаат да избегнат директна конфронтација со Русија.

Станбените згради и инфраструктурата во руските региони кои граничат со Украина, како што се Брјанск и Белгород, редовно трпат удари што Москва ги припишува на украинската војска, но Киев го негира тоа. По ударот од украинската артилерија во саботата, пет села во Белгородската област останаа без струја.