По добивањето благослов во манастирската црква ,,Свети Спас”, четворица гевгеличани, во рамки на ,,Илинденскиот марш 2021″, откако се поклонија пред спомениците на легендарните гевгелиски војводи Леонид Јанков и Сава Михајлов, пеш се упатија кон историското Крушево каде ќе присуствуваат на прославата на 118 годишнината од Илинденското востание.
– Голем адет е ова кој го исполнуваме не заради нас, туку за нашите деца и младите да не заборават кои се нашите корени, од каде потекнуваат и какви биле нашите војводи, што работеле и за кого се бореле – истакнаа учесниците во петдневниот марш.
Организатор на маршот е Унијата на млади сили и Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ. На пат кон Крушево учесниците ќе поминат преку Миравци, Демир Капија, Ваташа и Прилеп.