Четворица Косовци ја снимале тетовската касарна

Полицијата уапсила четворица Косовци кои ја снимале касарната во Тетово, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 16.20 часот на улицата Фуштанска  четири непознати лица со автомобил  „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.

Откако реагирало обезбедувањето на касарната, лицата избегал, а случајот бил пријавен во полицијата.

Полициска патрола во 17.45 часот на регионалниот пат Тетово- Јажинце, кај село Глоѓи, го сопреле „голфот“  во кое се превезувале Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), сите од Косово. Четворицата биле приведени во СВР Тетово. Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот.