Четворица кумановци хоспитализирани по страотен судар

Двајца возачи и двајца нивни сопатници завршија во болница, а еден од нив поради тежината на повредите во Ургентниот центар во Скопје ноќта кон саботата, откако учествувале во сообраќајна несреќа во Куманово.

Ноќеска околу 01.30 часот во Куманово, на улицата  „Доне Божинов” се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „форд ескорт“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот Б.Д. и патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишниот И.Ј..

Б.Д. и И.Ј., како и сопатниците А.С. и К.П. со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Куманово. Кај Б.Д се констатирни тешки телесни повреди и е препратен во Ургентен центар Скопје. Увид извршила екипа на СВР Куманово, а известен е и јавен обвинител.