Четворица кумановци осомничени за 11 кражби

Во текот на изминативе два дена, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А,(25) Р.Р.(27), Д.Р.(30) и С.М.(27), сите од Куманово.

Тие се сомничат дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово, од кои една во деловен објект и десет во приватни имоти.

Четворицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни пријави.