Четворица мажи и тинејџер дивееле во Аеродром, нападнат е и полицаец

Денеска во 1.10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги уапсиле М.Ј. (55), С.Ј. (51), М.С. (52) и М.Ј. (29) сите од Скопје и Б.Ј. (19) од село Петровец, скопско, поради тоа што во еден часот на подрачјето на општина Аеродром го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, додека лицето М.Ј. (55) и физички нападнал полициски службеник.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.