Најмалку четири лица загинале а 51 е исчезнато откако брод со мигранти потонал крај источниот туниски остров Керкенах, соопштија претставници на властие додавајќи дека мигрантите на бродот биле од субсахарска Африка
Туниската крајбрежна стража извлече 901 тело на удавени мигранти во близина на нејзиниот брег од 1 јануари до 20 јули оваа година, изјави министерот за внатрешни работи на земјата во јули, што означи невиден број на жртви во близина на бреговите на земјата.
Северноафриканската земја оваа година се соочува со рекорден миграциски бран и чести катастрофи на чамци со мигранти од субсахарска Африка кои се упатуваат кон италијанските брегови.
Тунис ја замени Либија како главна појдовна точка во регионот за луѓето кои бегаат од сиромаштијата и конфликтите во Африка и Блискиот Исток со надеж за подобар живот во Европа.