Во чевртокот околу 23.50 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар на улицата „Карагач“ во Гостивар лишени од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од селото Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои е пронајдена марихуана.
Тие се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен поднесок.