![koronavirus makedonija zname](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/koronavirus-makedonija-zname.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1,494 од кои починало 81 лице, бројката на оздравени пациенти е 807, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606, според најновите податоци од Министерството за здравство.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациентка на возраст од 55-години лекувана на клиниката од 24-ти април и 87-годишен пациент лекуван на клиниката од 27-ми април, и двајцата со тешка форма на болеста и респираторна слабост.
Институтот регистрира уште едно починато лице во Прилеп. Станува збор за жена на возраст од 69 години, позитивна на вирусот, којашто починала дома.
Во Градската општа болница „8-ми Септември“ почина пациент од Зрновци, на 62-годишна возраст, на болничко лекување од 21-ви април.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.