Четворица мртви во налудничав поход во Калифорнија

Garden Grove police responded to the 11100 block of Gilbert Street around 5:45pm regarding a stabbing. Officers arrived and found a 30 year old female with multiple stab wounds. The Victim directed officers to a nearby by residence where they searched for a 13 year old relative. The male teenager was detained and taken to the station for questioning. (Photo by Adrian Pineda, Contributing Photographer)

Четири лица се убиени а две се ранети во напад со нож и ограбувања на неколку локации во јужна Калифорнија, а во моментов неименуван маж се наоѓа во притвор, пренесува во четвртокот BBC.

Низата напади со нож се случиле на повеќе од шест локации во текот на двочасовниот налудничав поход на маж во Гарден Гроув и Санта Ана, околу 56 километри југоисточно од Лос Анџелес. Како што соопшти полицијата, се чини дека станува збор за нецелен напад, а двочасовното дивеење може да се опише како „грабеж, омраза и убиство“.

„Тој тип бил полн со бес и им нанел зло на луѓето“, изјавил Карл Витни, полициски офицер во Гарден Гроув. Осомниечниот бил вооружен со два големи ножа „како мачети“ и бил многу суров кон жртвите, додал.

Властите сѐ уште не го објавија идентитетот на осомничениот. Освен убиените, во нападот ранети се уште две лица. Меѓу жртвите се двајца соседи на осомниечниот, чувар во продавница на „7-Eleven“ и едно лице во синџирот ресторани „Subway“.

Насилството започнало со дојава во полицијата за ограбување на два стана, а потоа следел повик поради грабеж во пекарница. Од пекарница напаѓачот се вратил во својата зграда каде што по препирка нападнал две лица и им нанел смртоносни повреди со нож. Потоа во соседното место Санта Ана во продавница го смртил чуварот, а на една жртва ѝ нанелл тешки повреди и речиси ѝ го отсекол носот. Откако осомничениот бил приведен, полицијата била известена и дека усмртил и вработен во еден од рестораните на синџирот „Subway“.

Осомничениот бил снимен од надзорни камери на повеќе локации. „Имаме снимено како ги напаѓа и убива тие луѓе“, рекоч Витни. Претхјодно полицијата соопшти дека нападот не е расно мотивиран. Осомничениот и повеќето жртви се латиноамериканци.

Најновиот насилен напад следеше само неколку дена по масовните пукања во Тексас и Охајо во кој беа убиени 31 лице.