Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца пожарникари, загинаа во неделата во пожар во приватна куќа во близина на градот Кале на северот од Франција, соопштија локалните власти.
Уште најмалку три лица се повредени, а најмалку едно од нив е со тешки рани. Причината за пожарот кој ибувнал во 2,3о часот по полноќ кон неделата а бил изгаснат по тричасовна интервенција засега е непозната.
Во куќата живеело четиричлено семејство, со деца, тинејџерка на 16 и момче на 22-годишна возраст. Децата загинале, додека родителите успеале да избегаат.
Двајцата смртно настрадани пожарникари биле на 21 и 32-годишна возраст.