Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се нови 788 случаи на КОВИД-19. Пријавени се две починати лица од: Струга (89г) и Охрид (92г), двајцата се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Куманово (81г) и Гостивар (78г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 07.07.2022 – 12.07.2022г.
Досега во земјата се направени вкупно 2.104.009 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 321.386, бројот на оздравени пациенти е 308.199, на починати е 9.349, а бројот на активни случаи изнесува 3.838.