Четворица повредени во инцидентот на колоната на министерот за внатрешни работи на Австрија

Моторизираната придружба на министерот за внатрешни работи Волфганг Соботка доживеала сообраќајна несреќа во покраината Каринтија, шефот на полицијата не настрадал но поведени се припадници на неговата придружба како и возачот и совозачот од другото возило, пренесува весникот Kronen Zeitung.

Според весникот, инцидентот се случил на патот на правецот недалеку од градот Филкермаркт. Во возилото со обезбедувањето на министерот директно се забил автомобил управуван од 4-годишен маж, чи сопатник бил неговиот син.

Двајца од припадниците на специјалната единица „Кобра“, биле повредени, како и таткото и синот кои се здобиле се сериозни повреди и биле хоспитализирани во блиската болница.

Притоа се наведува дека брзината со коешто се движело возилото одговорно за сообраќајната незгода не надминувало 45 километри на час, а возачот бил во трезвена состојба.