Четворица повредени во сообраќајка во Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа во која учествуваа три возила, а се случи вчера околу 14:40 часот на булеварот „Никола Карев“ во Скопје.

Во несреќата, како што информираат од полицијата, учествувале „Ауди“ управувано од скопјанецот Н.Ш. (20), „Дачиа Логан“ со која управувал Т.В. (55) од Скопје и „Ивеко“ управувано од 37-годишниот кумановец Г.В.

Со возило на Итна медицинска помош тројцата возачи и сопатникот од автомобилот „Дачиа“, Е.Ч. (35) од Русија биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ каде од страна на лекар им се констатирани телесни повреди.

Г.В. и Е.Ч. по укажаната лекарска помош се пуштени, додека другите две лица се задржани на понатамошно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.