Четири лица се повредени во тешкаат сообрачајна несреќа којашто се сличи во неделата во раните попладневни часови на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај селото Скачковце, информираа во понеделникот од Министеството за внатрешни работи.
Во несреќата учествувале автомобил „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот М.З. од кумановско Скачковце и патничко возило „БМВ“, со кумановски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот Ш.Ш. од Куманово.
По незгодата, возачите и сопатниците од автомобилот „БМВ“, 31-годишниот Г.Ш. и 62-годишниот Н.Ш., и двајцата од Куманово, биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.