На 09.05.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел мерива“, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило „фиат 500“, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило „фолксваген туран“, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „опел мерива“, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градската општа болница „8 Септември“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.