Четворица ранети во напад со мачета во Канада

Четири лица се повредени во центарот на канадскиот град Калгари во напад на маж вооружен со мачета, објави во саботата телевизиската мрежа CBC.

Локалната полицијата засега смета дека жртвите во нападот верoјатно биле случајни минувачи. Поради тежината на повредите тројца од настраданите се хоспитализирани а од нив двајца биле подвргнати на хируршки интервенции, додека за четвртото лице не била потребна поголема медицинска помош.

Полицијата со помош на екипи со кучиња трагачи и со поддршка до воздух по неколку часа го привела осомничениот за нападот. Неговиот идентитет засега не е објавен, а се утврдуваат мотивите за неговиот чин.

Нападот се случил во раните утрински часови во центарот на Калгари, и оти големо вознемирување предизвикала кај граѓаните кога виделе долги крвави трага според кои полицијата подоцна ги пронашла настрданите на различни локации кои по нападот која барала засолниште и помош.

Полицијата, исто така, соопшти во саботата дека јавноста не била веднаш известена за опасноста поради развојот на „динамичната ситуација“ и поради тоа што требало да одговар на повеќе од 800 повици во текот на 24-часовниот период. Притоа, иако се разгледуваат снимките од водео-надзорот на местата на нападите, полицијатга не го објави опосот на засега единствениот осомничен од „интерес во истрагата“, што за канадските медиуми се случува „многу ретко“.