Четворица скопјани и малолетен кумановец уапсени со марихуана

Скопје, 16 октомври 2019 (МИА) – На 15.10.2019 во 16.10 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со оружје и дрога при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(39) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом во населбата Чаир била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.10.2019 во 01.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Партизански одреди“ го привеле Д.Д.(35) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2019 во 23.45 часот полициски службеници од СВР Скопје на Кеј „Димитар Влахов“ при извршен преглед кај 17-годишен малолетник од Куманово била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2019 во 21.20 часот полициски службеници од СВР Скопје во с.Горно Нерези го лишиле од слобода Б.С.(32) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.10.2019 во 20.00 часот полициски службеници од СВР Скопје од подрачјето на Бит Пазар го привеле М.А.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.