Четири лица се убиени а уште две други се ранети во вооружен судир на плажата „Пулај“ во познатата туристичак дестинација Велипоја во северниот дел на Албанија, кој се одиграл половина час по полноќ кон неделата.
„Причината за вооружениот конфликт е поделба на сопственоста над песочните плажи каде што се поставени лежалки, меѓу два хотела оддалечени 50 метри еден од друг“, изјави директорот на полицијата во Скадар, Нико Брахимај, на местото на настанот два часа по масакрот/
Жртвите се на возраст од 20, 25, 38 и 59 години, двајца од нив се браќа. Повредените се на 17 и 54-годишна возраст. Во пресметката биле користени пиштоли, но и автоматска пушка „калашников“
Во Велипија веднаш приситигнале припадниците на специјалната единица и екипи за увид. Полицијата во меѓувреме објави дека трага по уште две лица, двајца браќа, за кои се верува дека учестувале во вооржената пресметка, како и оти верува дека околу дваесеттина лица се на некој начин инволвирани или имаат некакви сознанија за инцидентот.
Настанот, како што оценуват албанските медуми, негативно се одразува врз сликата за Албанија во странство, токму на почетокот на туристичката сезона.