Четворица тајландски војници се убиени во петокот наутро во експлозија на бомба активирана при нивното минување по пат на југот од Тајланд кој е зафатен од сепаратискичкиот муслимански бунт.
„Нападот е изведен за да поттикне насилство. Четворицата загинати се војници испратени во инспекција на тој пат, штотуку реновиран во покраината Патани“, соопшти Командниот центар за безбедносни операции на југот од Тајланд.
Војниците требало да проверат дали патот е безбеден пред минувањата на наставници коишто се честа цел на бунтовнциите кои ги сметаат за претставници на централните власти.
Во истиот напад се ранети уште шест лица, меѓу кои и еден цивил.
Локалните муслимани бараат поголема автономија во споменатиот регион кој се граничи со Малезија, припоен на мнозински будистичкиот Талјанд дури на почетокот од XX век.