
Четири лица загинале а уште четири други се ранети во еден од централните квартови на Чикаго, во сојузната држава Илионис, кога засега неидентификувани лица отвориле оган ноќта кон неделата по локално време, пренесува локалната телевизиска станица на мрежата ABC News.
Според првичните сознанија, група од четири неидентификувани лица пристигнале на местото на кое се одвивал забава и отвориле оган, Меѓу жртвите е и 14-годишен тинејџер, а меѓу повредените се и две малолетни лица.
Две од жртвите починале на самото место, а другите две во болница.
Полицијата засега се воздржува од прецизирање на мотивите за злосторството, изведено во времето кога во САД се прославуваше Денот на независноста. Полицијата на Чикаго потврди дека досега нема приведени во врска со инцидентот.
Чикашката полиција соопшти дека изминатиот празничен викенд до рано утрото во неделата биле застрелани на територија на градот вкупно 67 лица, од кои 13 починале, а неколку од нив се малолетници и деца. Некои од вооружените напади се случиле додека жртвите следеле огномети по повод националниот празник на различни локации во градот и од возила во движење.