Најмалку четири лица загинале во пад на кинески авион за поморска патрола, што се урнал во планински предел на источниот кинески брег, соопштија денеска локалните власти.
До несреќата дошло вчера, во текот на рутински лет, чија цел било набљудување во провинцијата Џеѓијанг, на чиј брег се наоѓаат стотици острови, се наведува во соопштението на кинеската Агенција за управување со морските ресурси.
Остатоците од авионот биле пронајдени синоќа, по потрагата во која учествувале 18 бродови и четири хеликоптери.
Во несреќата животот го загубиле двајцата пилота и двајца полицајци.
Не се наведува типот на урнатиот авион, но споменатата кинеска агенција во својот состав имала хеликоптери и авиони од типот „Харбин Ѕ-12“ од кинеско производство.
Оваа агенција е една од четирите кои вршат патроли и полициски работи долж големиот кинески брег, како и на подрачјата во водите на Јужно и Источно Кинеско Море, кои Кина ги прогласи за свои територии.