Четири лица загинале во саботата откако нивнито авион се урнал во планинската област на покраината Горна Австрија, соопштија тамошните власти.
Помал авион со четворица патници се урнал околу пладнето над скијачките терени Касберг, во Горна Австрија, објави полицијата.
Поради обилниот снег потрагата по урнатото летало била тешка, а помали остатоци од авионот се најдени по двочасовна потрага. Биле потребни уште два дополнителни часа да се пронајде трупот на авионо со телата на четворицата патници.
Идентитетот на загинатите, причините за падот и точната рута на летот и натаму се непознати. Се смета дека авионот летал во странство.