Четворицата повредени во сообраќајката кај Демир Хисар, пуштени дома

Сите повредени во вчерашната сообраќајна незгода на патот Кичево Демир Хисар се пуштени на домашно лекување, јавува ТВ Тера.

Инаку незгодата се случи околу 13.45 минути на патот Кичево -Демир Хисар меѓу селата Сопотница и Жван на местото викано Крбла меѓу автобус со скопски регистраски таблици кој сообраќал на релација Кичево -Демир Хисар и товарно возило со приколка кое се движело во правец од Демир Хисар кон Кичево.

Според СВР Битола повредени беа 4 лица од кои двајца странски државјани а другите двајца се државјани на Република Македонија. Екипите на СВР Битола излегоа веднаш на терен и извршиле увид со цел откривање на причините од кои дошло до незгодата, додека повредените беа пренесени во битолската Клиничка болница.