Четврица вооружени крадци влегле во куќа во Чаир

Маскирани разбојници претепале мајка и ќерка во Опила

Четири непознати маскирани лица со закана и со пиштоли во понеделникот ноќта околу 20 часот влегле во семејна куќа во скопската населба Чаир, и откако физички го нападнале сопственикот побегнале со засега неутврден плен.

Инцидентот се одиграл во домот на 24-годишниот Б.С., на улицата „Менделеева“. Како што информира денеска МВР, крадците го врзале Б.С., го удриле со пиштолот во главата, по што извршиле пребарување низ куќата. Пред полициските службеници Б.С. изјавил дека не може да каже дали и што му било одземено.

СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.