Четврта победа сезонава за Бањаја во Мото ГП

Франческо Бањаја е победник на 13-тата трка во Мото ГП шампионатот.
Членот на Дукати беше најбрз на патеката Силверстон каде попладнево се возеше трката за Големата награда на Велика Британија.
До својата четврта победа сезонава Италијанецот стигна пред Маверик Вињаљес од тимот на Априлија и неговиот тимски колега Џек Милнер.
Актуелниот светски шампион Фабио Кваррараро иако заврши како осмо пласиран, сепак Французинот ја задржа лидерската позиција во Генералниот пласман сега со 22 бодови повеќе од Еспаргаро, односно 49 повеќе од денешниот победник Бањаја.

Следната трка во Мото ГП на програмата е на 22 август кога ќе се вози австриското Гранд-при.

https://twitter.com/MotoGP/status/1556260222104117249?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1556260222104117249%7Ctwgr%5Edb487bf8a6fea9dd9a02a5527bba72b3b5ce9703%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkoli-motori-i-trki%2Fbanjaja-go-osvoi-silverstoun-novo-razocharuvanje-za-kvartararo-video