Педесет и петгодишен скопјанец, кој боледувал од хронично заболување на црниот дроб, е четвртата жртва на сезонски грип оваа година.
Од Инфективната клиника велат дека пациентот повеќепати бил хоспитализиран во изминатиов период, а последниот пат бил примен на 21-ви јануари во особено тешка здравствена состојба.
„Хоспитализиран е на нашата клиника во тешка општа здравствена состојба со влошување на основно заболување на предната црнодробна болест. Направени се комплет аналзи при што е добиен позитивен наод на инфлуенца А. И покрај терапијата кај пациентот по постојано влошување на состојбата вчера на 13-ти егзитира во доцните ноќни часови“, вели доктор Биљана Петреска од Клиниката за инфективни болести.
Поради сезонскиот грип капацитетот на Клиниката е речиси пополнето оттаму велат дека моментот лекуваат 110 пациенти од кои најголем дел се заболени од грип.
Доктор Петреска вели дека петмина од болните од грип се во критична состојба и сместени на интензивна нега, еден од нив е на апарат за вештачко дишење. Досега во земјава починаа три лица како последица на компликации предизвикани од грипот.