Четврти ден од протестот пред парламентот на Нов Зеланд

Расте бројот на демонстрантите пред зградата на новозеландскиот парламент во Велингтон кои бараат укинување на задолжителното вакцинирање против Covid-19 и строгите епидемиолошки мерки и не мислат да се откажат и покрај масовните полициски апсења.

Четврти ден минува откако неколку илјади демонстранти, по примерот на возачите на камиони во Канада, го окупираа пространиот плоштад пред парламентот на Нов Зеланд и го блокираа приодите со камиони, автомобили, кампер-возила и мотоцикли.

Полицијата во четвртокот уапси 120 луѓе во обидите со сила да ги отстрани демонстрантите, но набрзо се повлече бидејќи тие одбија да си заминат.

Полицијата во соопштение за јавноста во петокот наведе дека изминатата ноќ немало поголеми инциденти пред парламентот, иако се уапсени две лица кои биле под дејство на алкохол.

„Полицијата внимателно постапува кон демонстрантите кои неовластено упаднаа на територијата на парламентот и кои повеќепати беа предупредени поради тоа“, изјави началникот Кори Парнел.

Меѓу демострантите има различни мотиви, поради што со нив тешко може да се воспостави комуникација, наведува полицијата. Покрај тоа, полицијата го наведува проблемот и со наводно ширење дезинформации на социјалните мрежи.

Со доаѓањето на демонстрантите од ширум Нов Зеланд, пред парламентот се подигнуваат шатори. Меѓутоа, станува збор за мирни демонстранции на кој собраните пејат и танцуваат, за разлика од насилниот протест во четвртокот.

„Ова повеќе изгледа како фестивал. Гледа ли некој тука толпа?!“, рекол за Reuters еден од оранизаторите на протестот.

Помал број демонстранти се собраа во други новозеландски градови како Нелсон и Крајстчрч за да ја искажат поддршката за демонстрантите во главниот град Велингтон.

Премиерката Џасинда Ардерн ги повика демонстрантите да се разидат, но тие ги ингорираат нејзините пораки. Ардерн поради тоа се најде под попилитички притисок, а и опаѓа и поддршката меѓу избирачите во анкетите.

И покрај фалењето поради незначителниот број заразен со Covid-19 во последните две години, како и со многу високиот процент на вакцинираните против коронавирусната болест, строгите ограничувања сѐ уште се на сила и станаа непопуларни кај населението.