Новинар е убиен во понеделникот во западно Мексико, обајви весникот во кој работел, а ова е четвртото вакво убиство во земјата за помалку од еден месец.
На колумнистот Роберто Толедо, кој работел за интернет весникот Monitor Michoacán му пришле три лица и го застрелале во градот Зитакуар во западната мексиканска сојузна држава Мичоакан, изјавил директорот на весникот Армандо Линарес во видео-порака објавена на Facebook.
Линарес додаде дека членовите на редакцијата примале закани со смрт со месеци наназад, што тој го поврзува со известивањето на Monitor Michoacán за корупцијата.
„Разобличувањето на корупцијата на владата, функционерите и политичарите денеска резултираше убиство на еден од нашите колеги“, изјави.
Мексиканскиот претседател го осуди убиството, напиша на Twitter портпаролот Жезус Рамирез.
„Нема да дозволиме неказнивост. Да ја одбраниме слободата на изразувањето и правото на информирање“, рече Рамирез додавајќи дека претседателот ќе соработува со државните и локалните влади „случајот да биде разјаснет“.
Според податоците на француската меѓународна организација Репортери без граници (Reporters sans frontières; RSF) Мексико во 2021 година беше третата година со ред била најопасната земја за новинари.
Според годишниот извештај на организацијата минатата година седум медиумски работници се убиени во оваа северноамериканска земја, а убиствата се поврзани со нивната професија. Авганистан е втората земја на оваа листа, таму од истата причина се убиени шест лица.
Изминатите пет години во Мексикот се убиени околу 50 новинари, со тоа што повеќето од овие случаи останале неразјаснети и нерешени. Годинава од средината на јануари убиени се Хозе Луис Гамбоа, директор на информативен портал, фоторепортерот Маргарито Мартинез и новинарката Лоурдес Малдонадо.
Медиумските работници критикуваат дека мексиканските власти, вклучително и претседателот на државата, дека повеќепати ги обвинуваа новинарите дека се лажливци.
Во цело Мексико ширум земјата на ден се регисритенини речиси 100 убиства. За повеќето насилства во земјата со околу 126 милиони жители, одговорни се наркокартелите и бандите кои се борат за превласт на пазарот на дроги и рутите за транспорт кон богатиот црн пазар во САД.