Четвртина Британци веруваат дека Трас ќе биде полоша од Џонсон

Секој седми Британец верува дека Лиз Трус ќе биде подобра премиерка од Борис Џонсон, покажува анкетата на агенцијата YouGov, додека четвртина од испитаниците веруваат дека таа ќе биде полоша од претходниот премиер.

Од 2.488 испитаници, 14 отсто очекуваат дека Трас ќе биде подобро од Џонсон, додека 27 отсто сметаат дека таа ќе биде полоша од него, јави Танјуг.

Лиз Трус изјави дека во текот на првата недела на власт ќе започне акција за решавање на проблемот со поскапувањето на струјата и со зголемувањето на снабденоста со енергија.

Половина од анкетираните изјавиле дека се разочарани што Трус е премиер, додека секој петти Британец изјавил дека има доверба дека нејзината влада ќе го олесни актуелното прашање за високите трошоци за живот.