Четвртиот осомничен за заседата во Далас во која најмалку 5 полицајци го загубија животот, а шестмина се повредени, се самоубил за време на престрелка со полиција, јавува ФОКС Њуз, пренесува „Раша Тудеј“.
Инцидентот се случил во момент кога во центарот на градот се одржувале протести поради убиството на двајца Афроамериканци за време на полициска интервенција.
Полицијата на Твитер објави дека двајцата осомничени се уапсени. Првиот бил уапсен, откако влегол во престрелка со специјални полициски сили. Вториот сам се предал, откако полицијата објавила фотографија од него во медиумите и побарал информации за него во врска со убиството на полицајците.
Третиот осомничен бил притворен во близина на гаражата Ел Центро. Полицијата информира дека се трага по најмалку 4 лица осомничени дека во заседа пукаа со снајпер и погодија 11 полициски службеници.