
Кошаркарите на Мајами Хит се пласираа во финалетово НБА лига, откако во шестиот натпревар ја совладаа Индијана со 117:92. „Жешките” до четвртото последователно финале стигнаа со 4:2 во победи. Последен пат ваков резултат во НБА лига имаше Бостон Селтикс од 1984 до 1987 година.
„Среќни сме зашто до финалето стигнавме на својот паркет. Сакавме порано да ја завршиме серијата, но не успаеваме. Индијана се покажа како цврст противник и затоа треба добро да ги одмораме играчите пред најважниот предизвик“,изјави тренерот на Мајами, Ерик Споелстра.
Мајами титулата ќе ја брани против Сан Антонио или Оклахома кои се борат за пехарот во Западната конференција.
Крис Бош и Леброн Џејмс беа најефикасни во тимот на Мајами со по 25 поени. На спротивната страна се истакнаа Пол Џорџ со 29 поени и осум скокови , а Дејвид Вест постигна 16 поени.