Чиа – магичното семе за кое сите зборуваат!

Чиа семето е најновиот „суперфуд“ за која сите зборуваат!

Ова лековито семе многумина го дефинираат како „магична“ семка, намирница која чини мали чуда во организмот. Во што е тајната?

Што е чиа семе?

Веруваме дека голем број од вас никогаш не слушнале за ова семе, иако постои веќе неколку илјади години. Астеците прв пат го споменуваат ова семе како основна храна која ја користеле во рамки на религиски обреди, но и за медицински цели.

Кои се основните бенефиции од ова семе?

Чиа е најбогата со Омега 3 масни киселини, протеини и влакна, а исто така содржи значаен број витамини, минерали и антиоксиданси. Чиа семето е одлично за регенерација на кожата, но и за согорување на мастите, зајакнување на оргнизмот и позитивно влијае на органите за варење. Нутриционистите се согласуваат дека чиа семето е едно од најдобрите кои можете да ги конзумирате доколку се чуствувате слабо, без енергија, бидејќи влијае на работата на мускулите и ослободува енергија во вашето тело па често го користат и спортистите. Ова семе содржи и 37 отсто прехрамбени влакна кои ја поттикнуваат работата на цревата. Диетите односно начинот на исхрана базирана на конзумирање на ова семе се покажала сјајна како превенција од рак на дебелото црево.

Поради што чиа семето е добро за кожата, косата и ноктите?

Чиа семето содржи и Омега 6 масни киселини, антиоксиданси и протеини, кои и тоа како се важни за здравјето на кожата. Студиите покажале дека конзумирањето на чиа семето исто така влијае на здравјето на косата и ноктите со оглед на фактот дека чиа е голем извор на протеини кои телото мора константно да ги има, за да го одржува и штити коренот на влакното, односно ноктите, кои се направени од протеинот кератин.

Дали може да помогне во губењето клилограми?

Конзумирањето на чиа семето влијае на намалувањето на апетитот, го забрзува метаболизмот и активира глукозен кој и тоа како е важен за согорување на мастите.

Колку семки е потребно да изедете за да има ефект?

Се препорачува една лажичка чиа семе на ден.

Како можеме да го конзумираме чиа семето?

Чиа семето е многу благо и има пријатен вкус, а наједноставниот начин е семињата да ги ставите во некоја витаминска лесна салата. Исто така можете да ги јадете и без додаток. Можете да ги потопите и 15 минути во вода, да нараснат десет пати поголеми од нивната нормална големина, или пак да ги конзумирате потопени во кокосово млеко заедно до бадеми и ананас.